Нов напад на Хутите во Црвено Море
- Хутите продолжија со напади врз бродовите во Црвено Море, а според армијата на САД, мети биле два танкера со нафта
Вашингтон, 3 септември 2024 (МИА) – Хутите продолжија со напади врз бродовите во Црвено Море, а според армијата на САД, мети биле два танкера со нафта.
Нападнат е брод кој пловел под знаме на Саудиска Арабија и број под знаме на Панама.
Јеменската група презема одговорност само за бродот што пловеше под знаме на Панама, но не и за саудискиот танкер.
Во нападите нема жртви, а екипажите не пријавија поголема штета на бродовите. ми/
фото: МИА архива