• сабота, 29 јуни 2024

Нов асфалт на локалниот пат за делчевското село Стамер

Нов асфалт на локалниот пат за делчевското село Стамер

Делчево, 14 септември 2023 (МИА) – Денеска завршува асфалтирањето на локалниот пат за делчевското село Стамер. Увид во завршните активности изврши градоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој информираше дека овој локален пат за прв пат од неговата изградба доби комплетна и темелна реконструкција.

- Со реконструкцијата е опфатена вкупната должина на локалниот пат од 1.3 км, односно од клучката од регионалниот пат Делчево-Берово до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м, како и изградени банкини покрај патот, рече Трајковски

Со оваа градежна интервенција како што додаде се подобрува сообраќајната комуникација со селото, а се подобрува и безбедноста во сообраќајот.

Средствата за реконструкција на локалниот пат за с. Стамер се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во износ од 5.143.644,4 денари со вклучен ДДВ. Градежните работи ги реализираше СТОИМЕНОВ ДООЕЛ Кочани. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан