• вторник, 05 ноември 2024

Ново улично осветлување во битолската населба Долно Оризари

Ново улично осветлување во битолската населба Долно Оризари

Битола, 1 јули 2023 (МИА) - Општина Битола постави ново улично осветлување во населбата Долно Оризари и изгради нова пешачка патека која води до тамошната црква „Свети Наум“.

Со завршувањето на активностите, се зголемува безбедноста на граѓаните како учесници во сообраќајот, а посебно на младите, истакна градоначалникот Тони Коњановски кој синоќа оствари средба со жители на Долно Оризари.

Новата патека е во должина над еден километар, a инвестицијата за градежните работи изнесува 3,3 милиони денари, а за уличното осветлување, инвестирани се 3 милиони денари од општинскиот буџет. мт/сст/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан