• петок, 22 ноември 2024

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Скопје 21 мај 2024 (МИА) - Денеска беше промовирано новото комунално возило на ЈКП „Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.

Како што соопшти Општина Илинден, специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 20м3, кое ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска направи увид на возилото, информира дека возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, а во изминатиот период досега претпријатието има набавено три комунални возила и една градежна машина, со што Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги.

Тој истакнува  дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на  квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Георгиевски додава дека со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”. ад/дма/

Фото:  Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан