• петок, 22 ноември 2024

Нови 218 смртни случаи во Франција од Ковид-19

Нови 218 смртни случаи во Франција од Ковид-19
Париз, 1 мај 2020 (МИА) – Во Франција вкупниот број на починати досега од коронавирусот е 24.594 лица, а во последните 24 часа се потврдени нови 218 смртни случаи, јави дописникот на МИА. Во земјата се заразени вкупно 167.178 луѓе. На болничко лекување се наоѓаат 25.887 лица заразени од Ковид-19, од кои на интензивна нега се 3.878 пациенти. Бројот на пациентите на болничко лекување и интензивна нега продолжува да се намалува. Притоа француското Министерство за здравство ја претстави најновата карта на Франција за ситуацијата со епидемијата. Критериумите за проценка се засноваат на три столба: стапката на зараза кај населението, бројот на места што се достапни во болниците и можноста за брзо тестирање на населението. Департманите во зелена боја се подготвени за постепено подигање на мерките на ограничување од 11 мај, тие што се со црвена боја не ги исполнуваат условите и ќе останат со истите мерки на ограничување, а тие кои се обоени во портокалова боја можат да преминат според податоците во едната или другата фаза. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан