• недела, 22 декември 2024

Нови претседателски избори во Романија - најверојатно во март

Нови претседателски избори во Романија - најверојатно во март

Букурешт, 6 декември 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Националната либерална партија и кандидат на првиот круг на претседателските избори во Романија Николае Чука, повика на смиреност и зрелост по одлуката на Уставниот суд да го поништи првиот круг на изборите.

Во изјава на неговиот официјален профил на Фејсбук, тој изрази поддршка за напорите насочени кон разјаснување на сомнежите за руско влијание и гарантирање на фер избори. Тој го оцени овој момент како сериозен тест за демократските институции.

Даниел Фенечиу, лидер на сенаторите од Националната либерална партија, изјави дека изборите најверојатно ќе се одржат во март, бидејќи согласно законот потребни се најмалку 75 дена за организирање нови избори. 

Министерот за енергетика Себастијан Бурдужа оцени дека одлуката на судот е соодветен одговор на ситуацијата, а неговиот колега од Социјалдемократската партија, Адриан Качу, додаде дека оваа одлука требало да биде донесена многу порано. ссм/

фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан