• недела, 07 јули 2024

Нови контејнери за отпад во Општина Илинден

Нови контејнери за отпад во Општина Илинден

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во изминатиот период за потребите на ЈКП „Илинден“ обезбедени се 10 метални контејнери од 5.5 м3, 20 метални контејнери од 1.1м3, 30 парковски корпи за отпадот, 20 пластични садови за отпад од 240 литри и 120 пластични садови за отпад од 120 литри, известуваат од Општина Илинден.

Градоначалникот на оваа општина, Александар Георгиевски, истакна дека со модернизирањето и обновувањето на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поефикасна, побрза и поквалитетна комунална јавна услуга за жителите, но и придонес Општина Илинден да биде една од најчистите општини во државата и регионот. сх/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан