• понеделник, 04 ноември 2024

Новитети на платформата „Јутјуб мјузик“

Новитети на платформата „Јутјуб мјузик“

Лос Анџелес, 22 февруари 2023 (МИА) - „Гугл“ отсега им овозможува на корисниците на стрим-услугата „Јутјуб мјузик“ да креираат свои радиостаници врз основа на алгоритам кој „ќе одлучува“ кои песни и изведувачи ќе ги пушта.

Новата функција се вика „Радио билдер“ (Radio Builder), а корисниците имаат пристап до неа од вчера. Кога корисникот ја креира својата станица може да избере до 30 изведувачи, но и дали сака да ја слуша само нивната музика или да додава песни од слични музичари. Исто така, можно е да се намести да се пуштаат само песни кои му се познати на корисникот или комбинација, како и прилагодување за миксот.

„Јутјуб“ почна со тестирање на оваа функција лани.

Иако „Јутјуб мјузик“ веќе има бројни станици и плеј листи засновани на алгоритам, можноста за создавање станици кои корисникот ќе може да ги управува е нова опција за оние кои сакаат да слушаат нешто специфично, но не сакаат „рачно“ да си создаваат плеј листа.

Новата функција е достапна за претплатниците, како и за луѓето кои ја користат платформата „Јутјуб мјузик“ бесплатно.  си/паг/

Остани поврзан