• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Новиот канадски премиер вели дека е подготвен да разговара со Трамп, но според условите на Канада

Новиот канадски премиер вели дека е подготвен да разговара со Трамп, но според условите на Канада

Отава, 24 март 2025 (МИА) - Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, но ќе го стори тоа според условите на Канада како суверена нација.

Карни беше избран за лидер на владејачката Либерална партија на 9 март, автоматски станувајќи премиер.

Разговорите со американскиот претседател традиционално се одржуваат веднаш по ваквиот развој на настаните, но двајцата политичари се уште не разговарале.

„Јас сум достапен за разговор, но како што знаете, ние ќе разговараме според нашите услови како суверена нација, а не како што тој тврди дека сме“, изјави Карни во Њуфаундленд на вториот ден од кампањата за парламентарните избори на 28 април.

Трамп се закани со царини за канадскиот извоз и со анексија на Канада - коментари за кои Карни рече дека се непочитувани и некорисни.

Карни, исто така, посочи дека Трамп чека да ги види резултатите од изборите пред да го повика победникот. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан