Нова зграда за музичкото училиште и концертна сала, најави градоначалничката на Неготино
- Во проектната задача е предвидено и уредување на кабинетите за учениците и концертната сала, студио со опрема за снимање. Станува збор за кабинети за индивидуална, како и кабинети за групна настава, кабинет за ЕКТ, помошни простории за наставниците и концертна сала за над 100 гости со фоаје и гардеробери за естрадни уметници, соопшти Нацева.
Неготино, 1 февруари 2026 (МИА) - Нова зграда за музичкото училиште и концертна сала најави денеска градоначалничката на Неготино, Марија Нацева.
Таа информираше дека била на терен заедно со претставници на проектантската фирма за изработка на урбанистички проект, како и основен проект за нова училишна зграда и концертна сала за потребите на основното општинско музичко училиште „Владимир Арсовски“.
- Во проектната задача е предвидено и уредување на кабинетите за учениците и концертната сала, студио со опрема за снимање. Станува збор за кабинети за индивидуална и за групна настава, кабинет за ЕКТ, помошни простории за наставниците и концертна сала за над 100 гости со фоаје и гардеробери за естрадни уметници, соопшти Нацева.
Градоначалничката подвлече дека потенцијалот што го има ова училиште, со повеќе од 170 таленти кои го развиваат нивниот потенцијал за пеење и свирење, конечно ќе добие место какво што заслужува. свд/хс/
Фото: МИА архива