• вторник, 13 јануари 2026

Николоски - Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Турција

Николоски - Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Турција

Скопје, 27 декември 2025 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска остварил работна средба со амбасадорот на Турција во земјава Фатих Улусој, на која биле потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција, кои традиционалнo се пријателски и  значајни за двата народи, соопшти Министерството за транспорт.

Разговорот, како што се посочува, бил насочен кон инвестиционата политика на Владата, со посебен акцент на планираните инфраструктурни проекти, како и на можностите за унапредување на соработката во транспортниот сектор

Вицепремиерот Николоски истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број на турски инвестиции во земјава.  Во таа насока потенцирал дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.  

На средбата се разговарало и за актуелните состојби во односите меѓу двете земји, цврстите меѓудржавни врски и добрата соработка.

Вицепремиерот Николоски изразил благодарност за досегашната поддршка што ја овозможува Турција и ја нагласил потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји. дма/вг/

 

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан