• недела, 22 декември 2024

Николовски: Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата

Николовски: Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата

24 ноември 2023 


Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ и Директор на Агенцијата за енергетика.


-Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните. Реално овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите - така е и таргетирана и димензионирана затоа што во државата во која се вградиле треба да чувствуваат сигурност и стабилност, рече Николовски.


Следува период за пресметки на цените но не очекуваме струјата да поскапи, додаде тој потецирајќи дека блок тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.


-Блок тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16 % минатата година. Со обновливите извори ние имаме намалено увоз на струја значително и од 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично и да немало обновливи извори на енергија, рече Николовски.


После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект, кој ниту една претходна влада не покажа капацитет да го реализра - тоа е хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на земјава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја, додаде Николовски во интервју за ТВ 21.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан