Николовски на средба со СБ: Посветени сме на испорачување највисок степен на квалитет во имплементација на стратешките проекти за олеснување и забрзување на трговијата
- СООПШТЕНИЕ - Подобрување на условите за водење бизнис преку испорачување на највисок степен на квалитет во имплементација на клучните проекти што ги спроведува Царинската управа со финансиски средства од Светска банка. Ова беше клучната порака на директорот Бобан Николовски на денешниот состанок со тимот на Мисијата на Светска банка за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.
3 септември 2024
Подобрување на условите за водење бизнис преку испорачување на највисок степен на квалитет во имплементација на клучните проекти што ги спроведува Царинската управа со финансиски средства од Светска банка. Ова беше клучната порака на директорот Бобан Николовски на денешниот состанок со тимот на Мисијата на Светска банка за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.
На состанокот беше истакнато дека имплементацијата на новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што треба да придонесе за сузбивање на криминалот и олеснување на легалната трговија е во завршна фаза и наскоро ќе биде ставен во функција. Воедно интензивно се работи на проектите за реконструкција и надградба на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.
„Царинската управа под мое раководство ќе биде посветена на начин што проектите ќе се имплементираат со највисок степен на квалитет, при што пред спроведување на истите ќе се пристапува кон целосна анализа се со цел истите да резултираат со испорачување на ветените и очекуваните резултати“, вели Николовски.
Царинска управа
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки