• сабота, 23 ноември 2024

Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ВМРО-ДПМНЕ

Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ВМРО-ДПМНЕ

9 април 2024 

Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.

Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација.

Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.

Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај.

Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард.

Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ 

Остани поврзан