• понеделник, 25 ноември 2024

Николова: Нема проекти, нема резултати во општина Аеродром

Николова: Нема проекти, нема резултати во општина Аеродром

31 октомври 2023

Поминаа 2 години, половина од мандатот од кога  локална власт  во Аеродром ја предводат Тимчо Муцунски и ДПМНЕ.

Заклучокот за нивната работа е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.

Безброј избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот.

Иако наследи полна општинска каса сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга.
Ги нема 4 нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6000 метри квадратни. Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема  и новиот СЦ Пирин и спортската сала во Долно Лисиче. А, ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.

Муцунски вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата легализација на сите објекти на територија на општина Аеродром.  
Многу ветувања дадени пред изборите, резултати нула!

ДПМНЕ и Муцунски свесно ги лажеа граѓаните на општина Аеродром и ја изневерија нивната доверба пред 2 години.

Тимчо Муцунски и ДПМНЕ ги излажаа аеродромци.

Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан