• петок, 22 ноември 2024

Никола Смилков со самостојна изложба ќе се претстави во Хрватска

Никола Смилков со самостојна изложба ќе се претстави во Хрватска
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Универзитетскиот професор и уметник Никола Смилков со самостојна ликовна изложба на скулптури „Emocionalni pokreti/Emotional movements“ ќе се претстави во Сплит, Република Хрватска.
Изложбата ќе биде отворена вечер во просториите на Француската алијанса во Сплит, во организација на Хрватско - француското здружение и Министерство за култура.
Никола Смилков е роден во 1973 година во Штип. Во 1999 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, каде во 2002 година магистрирал во областа вајарство во класата на проф. Драган Попоски - Дада. Докторирал во 2012 година на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во областа Методика на ликовното воспитание. Тој е редовен професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми во рамки на кои реализирал монументални скулптури и групни изложби во Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Турција и Индија. Добитник е на наградата за скулптура „Димо Тодоровски“ од ДЛУМ во 2008 година и во 2017 година. мд/са/

Остани поврзан