• вторник, 05 ноември 2024

„Ние сме пролет“ активност на Локалниот младински совет на Oпштина Тетово

„Ние сме пролет“ активност на Локалниот младински совет на Oпштина Тетово

Тетово, 29 март 2024 (МИА) - Локалниот младински совет на Oпштина Тетово организираше активност со слоганот „Ние сме пролет“. На повик на советот, се формираа групи со средношколци од сите тетовски средни училишта. 

-Како што и самиот слоган кажува „Ние сме пролет“ активностите беа насочени со цел да се одбележи пролетта преку разни форми и перцепцијата на младите за ова годишно време.  Учесниците, учениците од средните училишта како и паралеката при ОУ „Лирија“ за деца со посебни потреби се поделија во групи и направија цртежи, напишаа поезија и песни, информираше Елма Шерифи, претседателка на Локален младински совет. 

Активностите се одвиваа во паркот кај Шарена џамија. ас/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан