Нивото на водата во Охридското Езеро 17 сантиметри под просекот за јули
- Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,41 метри надморска височина, што е 17 сантиметри под просекот за јули (693,58).
Охрид, 16 јули 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,41 метри надморска височина, што е 17 сантиметри под просекот за јули (693,58).
Температурата на водата е 23,5 степени Целзиусови, што е еднакво на просекот за овој период од годината. аб/са/
фото/МИА