• петок, 05 декември 2025

Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември

Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември

Охрид, 17 ноември 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек.

Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина.

Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови што е речиси идентично на просекот за ноември (12,9 степени). аб/са/

фото/МИА

Остани поврзан