• петок, 28 јуни 2024

Нејмар го пропушта стартот на саудиското првенство

Нејмар го пропушта стартот на саудиското првенство

Ријад, 22 мај 2024 (МИА) - Нејмар ќе го пропушти почетокот на следната сезона во Саудиска Арабија бидејќи продолжува да се опоравува од тешката повреда на коленото, изјави тренерот на Ал-Хилал, Жорже Жесус.

Бразилецот ја заработи повредата на квалификацискиот натпревар со Уругвај за Светското првенство во октомври и беше опериран еден месец подоцна. И покрај неговото отсуство, Ал Хилал успеа да ја освои титулата во лигата на земјата по рекорден 19-ти пат претходно овој месец.

Во август традиционално стартува новата сезона во саудиската Про лига, а поранешниот напаѓач на Барселона и Пари Сен Жермен ќе ја пропушти и Копа Америка.

-Сè што знам е дека времето за опоравување од такви повреди е приближно 10-11 месеци. Ако пресметаме правилно, тој нема да биде подготвен за почетокот на претсезоната, изјави Жесус за новинарите во Ријад. дс

Фото: Архива

Остани поврзан