• вторник, 24 декември 2024

„Неуралинк“ доби одобрение за клинички испитувања со луѓе

„Неуралинк“ доби одобрение за клинички испитувања со луѓе

Лос Анџелес, 20 септември 2023 (МИА) - „Неуралинк“, компанија основана од милијардерот Илон Маск, доби одобрение за првото клиничко испитување со мозочен имплант врз луѓе. Истражувањето ќе трае околу шест години, и сега се одбираат првите испитаници доброволци. Тоа ќе вклучува вградување интерфејс мозок-компјутер („БЦИ“) со помош на хируршки робот „Р-1“ во местото во човечкиот мозок коешто служи за движење.

„Неуралинк“ објави дека добил одобрение од независен етички одбор да почне со избор на учесници за првото клиничко испитување на нивниот мозочен имплант за пациенти со парализа на екстремитетите. Испитувањето наречено „ПРИМЕ“ (Прецизен роботски имплантиран мозок-компјутер интерфејс), има за цел да ја оцени безбедноста на имплантот „Н-1“ и хируршкиот робот „Р-1“, како и функционалноста на „БЦИ“.

Во мај оваа година, „Неуралинк“ доби зелено светло од американската Управа за храна и лекови (ФДА) да ги почне своите клинички испитувања на луѓе. Во тоа време компанијата веќе беше под строга регулаторна контрола за тестирањето животни.

Компанијата првично планираше да вклучи 10 пациенти, но ФДА предложи тој број да се намали поради загриженоста за безбедноста на испитувањето. Кандидати можат да бидат лица кои страдаат од парализа поради оштетување на 'рбетниот мозок или амиотрофична латерална склероза. Сепак, компанијата не откри колку луѓе ќе бидат подложени да учествуваат во испитувањата.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан