• петок, 20 декември 2024

Нема поголема стратешка аспирација за нашата земја од членството во ЕУ, вели Заев

Нема поголема стратешка аспирација за нашата земја од членството во ЕУ, вели Заев

Скопје, 18 август 2021 (МИА) - Нема поголема стратешка аспирација за Северна Македонија од членството во ЕУ. Продолжуваме на сите можни начини да ја европеизираме нашата земја, изјави денеска премиерот Зоран Заев во коментар на изјавата на бугарскиот член на заедничката Комисија за историски и образовни прашања Кирил Топалов.

-Нема поголема стратешка аспирација за нашата земја од членството во ЕУ. Кога веќе ја исполнивме втората еднаква по важност цел, членството во НАТО, ние продолжуваме на сите можни начини да ја европеизираме нашата земја, да ја носиме земјата на целиот европски пат со нашата желба, сон, еден ден да бидеме полноправна членка на ЕУ.  Во меѓувреме, ќе направиме се да го олесниме нашиот живот овде во Северна Македонија, во регионот во земјите со коишто сме заедно аспиранти за полноправно членство, заедно со земјите соседи кои се членки на ЕУ - Бугарија и Грција, заедно со сите наши пет соседи со шестте земји од Западен Балкан.  Верувам дека се повеќе и повеќе ќе придонесеме во севкупното олеснување, европеизирање на животот во Северна Македонија, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2. 

Професорот Кирил Топалов, член на Заедничката бугарско-македонска комисија во изјава за БТВ вели дека Белград ја попречува земјава на патот кон ЕУ, како и дека „Северна Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ги пушта“. вг/аа/

 

Остани поврзан