• четврток, 19 декември 2024

Неколку лица се уапсени во Молдавија за „подготвување дестабилизација по обука во Русија, БиХ и Србија“

Неколку лица се уапсени во Молдавија за „подготвување дестабилизација по обука во Русија, БиХ и Србија“

Кишињев, 17 октомври 2024 (МИА) - Молдавските власти тврдат дека идентификувале повеќе од сто млади луѓе кои наводно биле обучени во Русија, Босна и Херцеговина и во Србија, за дестабилизација во земјата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Молдавската полиција уапси четири лица.

Началникот на Главниот полициски инспекторат (ИГП) Виорел Чернаушеану, како што пишува, рече дека четворицата биле уапсени ден претходно и им е одреден 30-дневен притвор, по опсежните истраги на полицијата, обвинителството и Службата за разузнавање и безбедност (СИС), пишува редакцијата на Радио Слободна Европа во Молдавија.

Околу 100 други лица се „документирани“ и се под истрага, но се на слобода, наведува медиумот.

Тие се осомничени дека планирале да ја „дестабилизираат“ Република Молдавија по изборите и референдумот на 20 октомври. Претседателските избори се одржуваат во исто време со референдумот на кој гласачите се прашуваат дали Молдавија би требало да биде во можност да влезе во Европската унија, пишува РСЕ. зш/

Остани поврзан