• понеделник, 23 декември 2024

Некои од ѕвездите на БиХ ќе одбијат да играат со Русија

Некои од ѕвездите на БиХ ќе одбијат да играат со Русија
Сараево, 10 септември 2022 (МИА) - Некои од фудбалерите на Босна и Херцеговина ќе одбијат да играат против репрезентацијата на Русија. Според регионалниот телевизиски канал „N1“, станува збор за голем број водечки играчи. Тие за изданието потврдија дека нема да одговорат на репрезентативниот повик за натпреварот против Русија. Средбата меѓу Русија и Босна во Санкт Петербург е закажана за 19 ноември. Прв незадоволството од натпреварот го изрази Миралем Пјаниќ. Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина ќе добие околу 205 илјади евра за учество на репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Русија, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на „Дневни аваз“. зс/

Остани поврзан