• недела, 22 декември 2024

Невладините организации од областа на социјална заштита побараа итни мерки во надлежност на Општина Тетово

Невладините организации од областа на социјална заштита побараа итни мерки во надлежност на Општина Тетово

Тетово, 24 ноември 2023 (МИА) - На денешната трета седница на Општинскиот совет за социјална заштита (ОССЗ) Тетово присуствуваа повеќе претставници на граѓански здруженија од истата област кои побараа ургентни мерки од локалната самоуправа.

Од Канцеларијата за односи со јавноста на Општина Тетово информираат дека претставниците на здруженијата побарале овој Совет да ги надмине проблематиката како недостатокот на услуги за домашна нега и помош за стари лица, потребата од адаптирање на Дневниот центар за работа со деца со посебни потреби и над 26 години, реновирање на пензионерскиот дом, адаптирање на институции и спортски сали за лица со посебни потреби, подобрување на урбаната инфраструктура за слепи лица, зголемување на стручниот кадар на психолози, логопеди во основните и средните училишта и надминување на недостиг од образовни асистенти во јасли и училишта...

Од Општина Тетово одговорија дека преку ОССЗ ќе се работи во функција на граѓаните и нивните потреби овој пат. Посочено беше дека ќе се продлабочи соработката со претставници на сите релевантни институции, организации и експерти.

- Во фаза на финиширање е Социјалниот план на општината и Годишната програма за работа на ОССЗ за следните три години со кој ќе се опфатат сите категории на граѓани од социјален ризик. Се надеваме дека ќе ја најдеме вистинската поддршка од релевантните институции за реализација на Социјалниот план со кој значително ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните, изјави претседателката на Општинскиот социјален совет, Халиме Рустеми.

На седницата беше присутен и лиценциран толкувач на знаковен јазик за потребите на глувите лица и лицата со оштетен слух.

Надлежностите на општините во социјалната заштита се регулирани со Законот за локална самоуправа, кој предвидува заштита на социјалните категории. ас/

Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан