• вторник, 05 ноември 2024

НБ објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите

НБ објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Народната банка (НБ) објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 31 март годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 17 март 2022 година. Како што истакнуваат од НБ, трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. -На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, велат од НБ. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан