НБА: Ембид го продолжи договорот со Филаделфија
- Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид денеска потпиша повеќегодишен договор со НБА клубот.
Њујорк, 20 септември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид денеска потпиша повеќегодишен договор со НБА клубот.
Филаделфија ја објави информацијата преку социјалните мрежи, но не прецизираше други детали.
Според американските медиуми, Ембид го продолжил договорот на уште три години и би можел да остане во клубот до крајот на сезоната 2028/2029 година, кога кошаркарот ќе има опција да го продолжи договорот.
Ембид, наводно, ќе заработи 193 милиони долари во тие три години, што значи дека вкупната вредност на неговиот петгодишен договор со Филаделфија изнесува 301 милиони, што би бил еден од трите најголеми договори во историјата на НБА.
Ембид (30) ја освои наградата за најкорисен играч во НБА (МВП) во 2023 година и заврши на второто место во гласањето за МВП двапати (2021, 2022), двата пати зад српскиот кошаркар Никола Јокиќ. ег
ФОТО: Икс