• сабота, 23 ноември 2024

НБА го смени форматот на „Ол стар“ натпреварот поради Коби

НБА го смени форматот на „Ол стар“ натпреварот поради Коби
Чикаго, 31 јануари 2020 (МИА) - Националната кошаркарска асоцијацијана САД и Канада официјално го објави новиот формат на „Ол стар“ натпреварот. Sвезденото шоу ќе има различни правила оваа година, при што организаторите сакаат на тој начин да му оддадат почит на Коби Брајант и на другите осум жртви на хеликоптерската несреќа. Како што стана јасно, капитени на двата тима ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Андетокумбо. Првите три четвртини од мечот ќе бидат по 12 минути, и сите ќе почнуваат со резултат 0:0. Победникот на секоја од нив ќе избере јавна организација да добие 100.000 долари во добротворни цели. По одигрувањето на првите три дела и утврдување на победниците во нив, се додаваат поените на секоја екипа и последната четвртина ќе започне со вкупниот резултат. На поените на тимот, кој во моментот води, ќе бидат додадени уште 24 во чест на Коби Брајант. На пример, ако резултатот по првите три четвртини е 100:95, 24 се додаваат на 100 и се добива 124. Во овој случај, првиот тим кој ќе постигне 124 поени, без разлика за колку време, е победник во Натпреварот на вездите. Тој ќе добие 200.000 американски долари, кои ќе ги даде на добротворна организација по избор. Настанот ќе се одржи на 16 февруари во Чикаго.

Остани поврзан