• вторник, 09 јули 2024

На „Титаник 3” со конференциска видеоврска ќе биде сослушан сведокот од Германија

На „Титаник 3” со конференциска видеоврска ќе биде сослушан сведокот од Германија
Скопје, 3 март 2020 (МИА) - Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за уништување изборен материјал „Титаник 3“ против координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за Општина Чаир, на кое треба преку конференциска видеоврска со Судот во Германија да сведочи сведокот Ресмије Аземи. Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, по минатото рочиште рече дека за сослушување на сведокот Аземи освен денешното на 3 март се закажани судски рочишта и за 16 и 18 март. Судскиот предмет за „Титаник 3” подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го поведе СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година. Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. оџ/аа/

Остани поврзан