• петок, 20 септември 2024

На штипскиот Правен факултет почна конференцијата „Општествените промени во глобалниот свет“

На штипскиот Правен факултет почна конференцијата „Општествените промени во глобалниот свет“

Штип, 19 септември 2024 (МИА) - На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)- Штип денеска почна 11. Меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. Деканката на Правниот факултет  при УГД-Штип, Олга Кошевалиска изјави дека оваа година има над 100 учесници од повеќе земји, а главната тема е општествените промени во глобалниот свет која треба да ги опфати дигитализацијата, еколошките промени, модернизација на правото на политиките, но и да ги покрие делот за реформата за правното образование и потребата од клиничкото образование. 

-Нашата конференција традационално ја организираме со голем број на учесници, а оваа година имаме над 100 учесници од неколку земји вклучувајќи ја Македонија, Србија, Шведска, Италија, Албанија, Бугарија, Холандија и така натаму. Главната тема е да ги покрие целиот оној инпакт кој што го има, а тоа се  дигитализација, еколошките промени и предизвици, модернизација на правото на политките и на новинарството, рече Кошевалиска.

Според судијата на Врховниот суд Мирјана Лазарова Трајковска, во државата бавно и полека се учат лекциите од грешките, меѓутоа тоа се процесите и треба истите да поминат, а за истото потребно е време. 

-Јас ќе зборувам за влијанието на европската конвенција за човековите права врз промените во македонското општество, бидејќи да зборуваме за општествени промени во било која земја. Ако не работиме на промени во делот на почитувањето на човековите права, бидејќи тие преставуваат темел и столб на демократизацијата на општеството, а влијанието на европската конвенција за човековите права и на праксата за Европскиот суд за човековите права е видливо не само во постапките, меѓутоа и во работата на македонскиот парламент, македонските институции. Ние некако бавно, полека ги учиме лекциите од нашите грешки, меѓутоа тоа се процеси кој треба да се поминат за кој треба време, вели Лазарова Трајковска.

На Меѓународната научна конференција на штипскиот Правен факултет учество со свои трудови имаат и универзитетски професори и експерти од повеќе земји. вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан