• сабота, 23 ноември 2024

На полноќ почнува изборниот молк во пресрет на претседателските избори во Црна Гора

На полноќ почнува изборниот молк во пресрет на претседателските избори во Црна Гора

Подгорица, 31 март 2023 (МИА) - На полноќ почнува изборниот молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, што ќе се одржи в недела.

Граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање - актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ, и младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, јавува агенцијата Анадолија.

Во првиот круг, што се одржа на 19 март, Ѓукановиќ освои 35,37 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,92 отсто од гласовите.

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани.

Најмногу гласачи има во Подгорица - 143.608, а најмалку во Шавник - 1.777.

Избирачките места в недела ќе бидат отворени од 7 до 20 часот, а граѓаните ќе можат да го дадат својот глас на вкупно 1.162 избирачки места.

Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот се избира со мандат од пет години. сд/

Остани поврзан