• недела, 22 декември 2024

На одбележувањето на именденот на епископ Антаниски г. Партениј ќе присуствува и г. Никифор, од Вселенската патријаршија

На одбележувањето на именденот на епископ Антаниски г. Партениј ќе присуствува и г. Никифор, од Вселенската патријаршија

Дебар, 18 февруари 2024 (МИА) - Празнувајќи го споменот на  отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана „сите заедно да го прославиме овој светол спомен“.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба, на која ќе присуствува и Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската патријаршија. Со него,  ќе допатуваат и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојуваат во студентскиот интернат во Влатадон, информираат од Бигорскиот манастир.

По Вечерната богослужба, во чест на именденот на игуменот на манастирот г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон.

-Во вторник, 20 февруари, во 6:30 часот ќе започне Утрената богослужба, а во 8:45 часот ќе биде дочекан надлежниот митрополит, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј, Плаошки и Дебарско-кичевски, додаваат од манастирот.

Истиот ден во 9:00 часот ќе започне Светата архиерејска Златоустова литургија.

-Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со нашето монашко братство и сестринство, посочуваат од Бигорскиот манастир. вт/вј/

Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан