На Минхенска безбедносна конференција ќе учествуваат околу 35 шефови на држави и на влади
- На Минхенска безбедносна конференција годинава, што ќе се одржи од 18 до 20 февруари ќе учествуваат околу 35 шефови на држави и на влади
Минхен, 8 февруари 2022 (МИА) - На Минхенска безбедносна конференција годинава, што ќе се одржи од 18 до 20 февруари ќе учествуваат околу 35 шефови на држави и на влади.
Минатата година Минхенската безбедносна конференција се подржа виртуелно поради пандемијата со Ковид-19, годинава ќе се одржи во традиционален формат, но со помал број на политичари и новинари.
- Нашиот свет е во опасност. Традиционалната безбедност се распаѓа, а заканите и ранливостите растат, а се напаѓа редот заснован на правила. Потребата за дијалог никогаш не била поголема, изјави претседателот на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер.
На 58. Минхенска безбедносна конференција предвидено е да учествуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, американската потпретседателка Камала Харис, како и шефот на кинеската дипломатија Ванг Јо.
На Конференцијата ќе учествуваат околу сто министри, меѓу кои и министрите за одбрана на Германија, Франција и Велика Британија.
Ишингер по14 години на чело на Минхенска безбедносна конференција се повлекува, а следната година организацијата ќе ја предводи поранешниот советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Кристоф Хојзген. ми/