• понеделник, 23 декември 2024

На лондонскиот аеродром Хитроу втор ден нарушен сообраќајот

На лондонскиот аеродром Хитроу втор ден нарушен сообраќајот
Лондон, 17 февруари 2020 (МИА) - Поради технички проблеми на најпрометниот европски аеродром Хитроу, сообраќајот и денеска е нарушен како што беше изминатиот викенд. Откажани се околу 60 слетувања, што претставува речиси 10 проценти од вкупниот број пристигнувања. Вчера беа откажани 130 летови. Денеска се откажани летовите на „Бритиш ервејс“, додека вчера беа откажани и летови на други авиокомпании. Авиокомпанијата во соопштение информира дека техничкиот проблем кај аеродромските системи Хитроу сега е решен, по 10 часа прекин на сите терминали. На аеродромот е испратен и дополнителен персонал за да им помогне на патниците. јт/

Остани поврзан