• понеделник, 23 декември 2024

На кумановци најмногу им пречи фрлање смет во реката

На кумановци најмногу им пречи фрлање смет во реката

Куманово, 5 март 2024 (МИА) - Најголем број од пријавите од граѓаните во однос на загадувањето се за фрлање смет во речното корито, соопштија денеска надлежните од Секторот за инспекциски надзор од Општина Куманово.

Тројца инспектори од животната средина од Куманово ги решаваат пријавите за загадување во Куманово, проблем кој најмногу им пречи на кумановци.

- Тројца инспектори има за животна средина, еден е виш, еден советник, еден помошник. Важно е воспитно да се делува на сите субјекти, правни и физички лица, но и со санкции. Проблемот со речното корито е долгогодишен. Планираме заеднички со Секторот за комунални дејности да одржиме состанок. Загадувањето таму е од околните жители. Станува збор за категорија на граѓани, социјално ранливи и нема ефекти од санкции, подобро е да се ангажираат преку општо-корисна работа, физичко ангажирање со прегради околу речното корито, изјави раководителката на секторот, Лидија Трајковска.

Таа укажува дека загадувањето е проблем на целата држава и додаде дека ќе работат согласно пријавите. Нагласи дека се отворени за сугестии од граѓани.

Три градежни инспектори има за подрачјето на Куманово. 

- Важно е инспекторите да работат ефикасно. Доста време трошевме на анонимни дописи кои ни ги праќаа граѓаните. Има градби коишто не можат во редовен надзор да се направат контролите, да ги насочат изведувачите како би се подобрил и квалитетот и надзорот. Планираме состаноци со службите кои ни ги праќаат анонимните дописи да имаме поефикасна соработка и резултат, изјави Трајковска.

Кумановскиот инспекторат е солидно екипиран со 20 инспектори, повеќето самостојни, советници, кои сами одлучуваат и донесуваат одлуки и санкции. ам/мд/


Фото: МИА и МИА архива



 
 

 

Остани поврзан