• четврток, 26 декември 2024

На денешниот состанок на Историската комисија не беше постигнат напредок, вели Наум Кајчев

На денешниот состанок на Историската комисија не беше постигнат напредок, вели Наум Кајчев
Софија, 13 мај 2022 (МИА/БТА) - Не е постигнат напредок на денешниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова за БТА го изјави заменик-претседателот на бугарската страна на Комисијата, доц. Наум Кајчев. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   Во Софија денеска се одржа 19. состанок на мешовитата комисија. Долго се разговараше за учебниците по историја за седмо одделение во Република Северна Македонија, кои се однесуваат на Средниот век и за нашите белешки и предлози за претставувањето на Охридската архиепископија, како и за востанијата на Петар Делјан и Георги Војтех во 11. Век, кои се востанија за возобновување на бугарската држава, рече доц. Кајчев. - За жал, поради долгите дискусии, не успеавме да постигнеме договор и да оствариме напредок за овие прашања, така што разговорите продолжуваат, изјави тој. Немаше време и не го отворивме прашањето за чествувањето на Гоце Делчев, рече доц. Кајчев. Од бугарска страна беше предложено да има уште еден состанок на Комисијата - во јуни или почетокот на јули, но тоа не беше прифатено. На крајот, на барање на колегите, се договоривме следните три состаноци на Мешовитата комисија да ги одржиме во втората половина од годинава, наесен, вели доц Кајчев. Тој посочи дека следниот редовен состанок на комисијата ќе се одржи во Скопје околу 13-14 септември. БТА ___________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан