• петок, 22 ноември 2024

На Дани Алвеш му е изречена привремена мерка притвор без можност за кауција

На Дани Алвеш му е изречена привремена мерка притвор без можност за кауција

Мадрид, 20 јануари 2023 (МИА) - Шпански судија одлучи бразилскиот фудбалер Дани Алвеш да биде приведен поради наводите за сексуално вознемирување, пренесува „La Sexta TV“.

Алвеш е осуден на привремен притвор без право на ослободување со кауција. Судот првично го прогласи за виновен за насилни дејствија врз 23-годишна девојка.

Триесет и деветгодишниот Алвеш е приведен во Шпанија под сомнение дека сексуално нападнал девојка во ноќен клуб. Жртвата го обвини поранешниот фудбалер дека ја  допирал без согласност за време на божиќните празници.

Самиот Алвеш потврди дека бил во ноќен клуб, но ги отфрли сите обвинувања. Тој изјави дека ова е обид да му наштети нему и на неговите најблиски.

Во моментов Алвеш е фудбалер на мексиканскиот „Пумас“. На Светското првенство во Катар, фудбалерот учествуваше на два натпревари како дел од репрезентацијата на Бразил. зс/

Остани поврзан