• петок, 05 декември 2025

На ГП „Табановце“ за влез се чека околу 20, а за излез околу 40 минути

На ГП „Табановце“ за влез се чека околу 20, а за излез околу 40 минути

Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државава е околу 20 минути, а за излез околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради пожар во националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје е затворен за секаков вид на возила. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан