• среда, 24 јули 2024

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека половина час

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека половина час

 Скопје, 29 април 2023 (МИА) -  На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.лв/

Остани поврзан