На Античкиот театар утревечер отворање на 63. „Охридско лето“
- Честа и привилегијата Фестивалот да го отвори годинава му е доделена на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, кој утревечер на сцената на Античкиот театар ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.
Охрид, 11 јули 2024 (МИА) – Дел од светската уметничка елита, од областа на класичната музика, театарот, наредните месец и половина повторно ќе биде во Охрид. Почнуваат 40-те дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“, и во ова 64-то негово издание.
Честа и привилегијата Фестивалот да го отвори годинава му е доделена на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, кој утревечер на сцената на Античкиот театар ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.
За маестро Рахлин критиката вели дека е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација.
Од 12 јули до 20 август на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма.
Селекторката на музичката програма, маестра Бисера Чадловска, изрази задоволство што на отворањето заедно со маестро Рахлин на Античкиот театар ќе настапат уметниците од Македонската филхармонија која оваа година го одбележува 80 години од постоењето.
„Не очекуваат голем број настани, со бројни домашни узведувачи, кои воопѓто не заостануват во квалитетот зад светските музички имиња. Меѓу нив пијано дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска, Влатко Стефановски на гитара кој одбележува 50 години солистичка кариера, потоа традиционалниот концерт на Камерниот оркестар на музичката младина, . Има и два концерт постветени на макеоднските композитори, Томислав Зографски и Стојче Тошевски, како и на Гоце Коларовски“, рече Чадловска на прес-конференцијата на која беше презентирана фестивалската програма.
Од странските уметници во музичката програма ќе ги видиме и чуеме гитристот Герхард Рајнбах, пијанистот Гери Даглас, виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки со пијанистот Андреј Гугнин, Доминик Вагнер на контрабас...Тука е и концертот на Црногорскиот симфониски оркестар, Адријатик пијано квинтетот, триото „Халир“ и многу други. Последниот ден од музичката програма е резервиран за врвната белгиска виолончелистка Ками Тома, во пијано придружба на пијанистот Жулиен Брокал.
На роденденскиот концерт на фестивалот ќе настапи салса бендот „Меркадонегро“, како концерт што ќе ги разбие класичните концертни содржини.
Селекторката на драмската програма на „Охридско лето Сања Арсовска за престојното фестивалско издание најави разновидна театарска авантура, со разноликост во столовите, форматите, естетитеката, драматургијата, со најголема застапеност на женските ликови.
„Она што ќе ја одбележи овогодинешната програма се трите театарски премиери – на домашните театари од Велес и Битола со претставите „Рацин“ и „Галеб“, како и светската премиера на „КРалот Лир“ на Лит Мун Ворлд театарот од Санта Барбара, Калифорнија“, појасни таа.
Арсовска уште ги најави театарските изведби на Совенечкото гледалишче од Марибор со „Безгрешна“ во режија на познатиот Томаж Пандур и неговата сестра која ја завршува претставата по неговата смрт, потоа стенд-ап шоуто со познатиот српски и интернационален актер Никола Ѓуричко, „Лет над кукавичиното гнездо“ со Драмскиот театар од Белград и „Алиса во земјата на стравовите“ со Југословенското драмско позориште исто така од Белград.
Сцените се подготвени да ги примат уметниците, организациски се одвиваат последните подготовки за беспрекорна реализација на годинешното фестивалско издание. Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ најавува беспрекорна реализација на фестивалот, со во насока и овојпат да се остави слика достојна за Фестивал познат низ светот по културните вредности кои ги поседува. аб/са/
Фото: МИА