• понеделник, 25 ноември 2024

На автопатот „Патот на Арбр“, кого на големо го користат македонските граѓани, во следните три дена пренасочување на сообраќајот

На автопатот „Патот на Арбр“, кого на големо го користат македонските граѓани, во следните три дена пренасочување на сообраќајот

Дебар, 19 април 2024 (МИА) - На автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) кој Тирана ја поврзува со граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница, кај Дебар, преку Пешкопеја, во следните три дена ќе има пренасочување на сообраќајот, поради изведување одредени градежни работи.

Оваа делница, на големо се користи од дебрани, но и граѓани од други градови во државава, поради намалената некогашна должина од 180 на 72 километри.

-Сообраќајот на автопатот „Патот на Арбр“ ќе биде пренасочен поради работите кои се изведуваат на овој патен правец. Во деновиве 20, 21 и 22 април ќе има времено блокирање на сегментот од Тунел 2 во село Шкале до кружен тек кај Клос и тоа во период од 8 до 18 часот, стои во соопштението на албанската агенција за државни патишта.

Се додава дека алтернативни патишта од Тирана-Пешкопеја и обратно се: стариот магистрален пат Тирана-Пешкопеја и патот од селото Бел камен (Гур и Бард) кој влегува преку мостот Скали што води до кружниот тек Клос и обратно.

Според агенцијата ова „важно соопштение се однесува не само за албанските, туку и за македонските граѓани, кои најчесто го користат автопатот“.

Токму подобрената патна инфраструктура на албанска, но и на македоска територија, зголемена е фреквенцијата на преминот „Блато“, каде, според статистиката на македонскто министерство за внатрешни работи во првите два месеца, на овој премин поминале вкупно 113.872 патници или 16 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. вт/дма/

 

Фото: Агенција за државни патишта-Албанија

Остани поврзан