• петок, 22 ноември 2024

Најстариот француски градоначалник на 97 години во борба за нов мандат

Најстариот француски градоначалник на 97 години во борба за нов мандат
Париз, 3 февруари 2020 (МИА) - Најстариот француски градоначалник Марсел Бертом, на возраст од 97 години, најави дека ќе влезе во битка за нов мандат за прв човек на гратчето Саинт Сурин сур Л`исле - функција која ја извршува од 1971 година. - Има уште многу работи кои треба да ги направам. Пред мене стојат нови предизвици, додаде градоначалникот, кој нов мандат ќе бара на изборите во март. Во 2014 година тој беше избран за градоначалник без противкандидат, но на годинашните избори најавени се двајца припадници на неговото лево политичко крило кои ќе се кандидираат наспроти Бертом. Тој смета дека годините не се пресудни за раководењето со гратчето со 3.160 жители. - Може да сте извонреден човек со 98 години, а некои со 20 години, може да се будали, порача Бертом. ссм/

Остани поврзан