• четврток, 12 декември 2024

Најмногу во Формула 1: Верстапен ја освои титулата и заработи 75 милиони евра

Најмногу во Формула 1: Верстапен ја освои титулата и заработи 75 милиони евра

Милтон кинс, 11 декември 2024 (МИА) - Холандскиот возач, Макс Верстапен не само што освои нова шампионска титула во Формула 1, туку заработи и најмногу пари од сите пилоти во „најбрзиот циркус на светот“.

Според податоците кои ги објави магазинот „Форбс“, Холанѓанецот само од актуелниот договор заработил 60 милиони евра, а од бонуси и премии додал уште 15 милиони евра.

Верстапен трета година по ред е најплатен Формула 1 возач според информациите на специјализираниот економски магазин.

Зад него на оваа листа на најплатени Формула 1 возачи е Британецот Луис Хамилтон од Ферари, кој заработи 57 милиони евра, од кои 2 милиони се бонуси.

Третата позиција е за Ландо Норис, кој инкасирал 35 милиони евра (12+23), четврти е Фернандо Алонсо со заработени 27,5 милиони евра (24+3,5), додека Шарл Леклер заработил 500.000 евра помалку на петтата позиција (15+12). дс

Фото: Архива

Остани поврзан