• недела, 26 јули 2026

Најмалку 59 лица загинаа во поплави во Брегот на Слоновата Коска

Најмалку 59 лица загинаа во поплави во Брегот на Слоновата Коска

Абиџан, 1 јули 2026 (МИА) – Во поплавите во Брегот на Слоновата Коска досега загинаа 59 лица, изјави денеска портпаролот на владата Амаду Кулибали по владината седница.

- Потрагата по исчезнатите продолжува. Стравуваме дека бројот на жртвите би можел да порасне – рече Кулибали.

Локалните медиуми пренесоа дека најмалку девет лица останале под урнатините во населбата Мосикро.

Соседна Гана исто така е погодена од обилни дождови, каде најмалку 12 лица загинаа откако големи делови од земјата и главниот град Акра беа поплавени. Во извештаите на локалните медиуми се наведува се дека во понеделникот биле потопени бројни згради и патишта во главниот град на Гана, со што бил отсечен пристапот до неколку делови на Акра и соседниот град Тема. јт/

Фото: ЕПА архива