• среда, 17 јули 2024

Најмалку 43 жртви во шумските пожари во Алжир

Најмалку 43 жртви во шумските пожари во Алжир
Алжир, 22 август 2022 (МИА) - Најмалку 43 лица загинаа во шумските пожари што беснеат со денови во северниот дел на земјата, според алжирската полиција, јави Би-би-си. Над триесет пожари беа изгаснати за време на викендот, но дел од нив сè уште горат, па се очекува зголемување на бројот на жртви. Над 1.000 семејства беа евакуирани од најлошо погодените области. Тринаесет лица беа уапсени поради сомнение за вмешаност во избувнување пожари. бд/паг/

Остани поврзан