• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 37 лица загинаа во немири за време на воена регрутација во Конго

Најмалку 37 лица загинаа во немири за време на воена регрутација во Конго

Бразавил, 21 ноември 2023 (МИА) - Најмалку 37 млади Конгоанци загинаа синоќа во метеж за време на воена регрутација во главниот град на Конго, Бразавил, соопштија денеска конгоанските власти.

-Според привремениот биланс на службите за итни случаи, 37 лица загинаа, а многу се повредени, се вели во соопштението на кризната ќелија формирана од премиерот Анатоле Колин Макосо, додавајќи дека се одвива „драма“.

Армијата на Конго минатата недела објави дека ќе регрутира 1.500 млади луѓе на возраст од 18 до 25 години.

Кандидатите доцна синоќа ја пробија вратата на стадионот Мишел Д’Орнано, каде се организира регрутирањето, во центарот на Бразавил. Некои од повредените се во тешка состојба, според изјавите на нивните блиски. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан