• четврток, 18 јули 2024

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Рафа, 21 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан