• среда, 02 октомври 2024

Најмалку 18 загинати, меѓу кои и деца, во израелските напади во централниот дел на Појасот Газа

Најмалку 18 загинати, меѓу кои и деца, во израелските напади во централниот дел на Појасот Газа

Газа, 7 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 18 лица, вклучително и деца, загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта во централниот дел на Појасот Газа, еден ден откако најмалку 33 лица беа убиени во училиште под раководство на ОН во кои се сместени раселените палестински семејства, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на здравствените власти.

Според нив, ударите биле насочени кон бегалските кампови „Нусејрат“ и „Магази“, како и кон градовите Деир ал Балах и Аз Заваида. Според податоците од болницата, меѓу загинатите има четири деца и една жена, како и градоначалникот на општина Нусејрат.

Израелската армија денеска соопшти дека продолжува со операциите во некои области во централниот дел на Појасот Газа. мс/

фото: ЕПА

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан