• недела, 24 ноември 2024

Најмалку седум жртви во експлозија во фабрика во Индија

Најмалку седум жртви во експлозија во фабрика во Индија

Њу Делхи, 21 август 2024 (МИА) – Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија што се случи денеска во фабрика за лекови во јужната индиска држава Прадеш.

Пожарот избувнал попладнево во производствената единица на компанијата „Есценција Адвансд Сајнсис“ на површина од околу 40 хектари.

- Повредените се префрлени во блиските болници и почна истрага за да се идентификува точната причина што довела до експлозијата. Десет противпожарни единици беа вклучени во спасувачките операции. Пожарот е главно под контрола, соопшти канцеларијата на претседателот на округот Хајдерабад, Виџај Кишан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан