Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
Нови Сад, 1 ноември 2024 (МИА) - Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани, јавија српсккте медиуми.зш/